Донесени се локалните акциски планови за Ромите во општина Пробиштип

По иницијатива на општина Пробиштип во периодот на месец ноември-декември 2019 година, Ромскиот Ресурсен Центар го помогна процесот за развивање на Локални Акциони Планови (ЛАП) за Роми согласно Стратегијата за Роми за општина Пробиштип.

Развиени се ЛАП-ови за Образование, Вработување, Домување и Здравство.

Процесот финансиски беше поддржан од општината. На 28.02.2020 година, советот на општина Пробиштип ги изгласа и усвои сите 4 ЛАП-ови, што покажува дека општина Пробиштип е спремна за поддржување на инклузијата на Ромите во општината.

Голема благодарност до сите членови на работните групи од релевантните институции, кои дадоа голем придонес за да се изработат ЛАП-овите.

Ромскиот Ресурсен Центар продолжува со системска поддршка на промените за ромската заедница и градење на инклузивни системи за Ромите на локално ниво.