Повик за практиканство за медицинари Роми за 2014 година

Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) објавува повик за практиканство за Роми ученици/студенти на средно стручните медицински училишта/медицински факултети во Република Македонија. Оваа активност се имплементира во рамки на проектот “Kамп за застапување 2014“ како дел од програмата Јавно здравје/Програма за медицински стипендии за Роми (РХСП) – Компонента за застапување, при Фондацијата Отворено oпштество – Македонија (ФООМ). Проектот е финансиски подржан од страна на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта.

Целта на практикантството е да овозможи на учесниците да можат да ги подобрат своите практични вештини, искуство во давањето на здравствени услуги и да се зголеми нивната промоција на локално ниво. Практиканството ќе се одвива во јавни здравствени установи, приватни ординации, аптеки, стоматолошки ординации, како и други институции според потребите и барањата на практикантите.

Практиканскиот ангажман треба да биде со времетраење од најмалку 31 ден. Практиканството ќе се одвива во периодот од месец јули до месец ноември во 2014 година. За време на практичната работа, учесниците  ќе добијат волонтерски надоместок солгасно Законот за волонтерство, обезбеден од РРЦ.

Право на пријавување имаат лица Роми кои учат/студираат медицина од било кој град во Р. Македонија. Приоритет во селекцијата ќе имаат лицата кои се РХСП стипендисти.

Потребни документи за аплицирање се:

  1. Апликација за практиканство (пополнета на компјутер)
  2. Мотивационо писмо (не подолго од една страна)
  3. Копија од свидетелство од последна учебна година (за средношколци)
  4. Копија од индекс (за студенти)

Во рамки на апликацијата, кандидатот е должен да наведе точни информации за институцијата во која сака да го обави практиканството, точна временска рамка кога сака да го обавува практиканството во согласност со своето слободно време како и точна локација на институцијата.

 

Краен рок за пријавување е 20јуни 2014 година (Петок).

Пополнетите документи можат да се достават по електронски пат на е-маил: lenka.popovska@rrc.org.mk, лично во канцелариите на РРЦ или по пошта на адреса:

Ромски Ресурсен Центар

ул. “Виетнамска“ бр.9,

општина Шуто Оризари

1000 Скопје.

Со назнака: За практиканство за Роми кои учат/студираат медицина

Напомена: Некомплетните апликации нема да бидат разгледувани.

 За дополнителни информации во врска со повикот и апликацијата можете да ја контактирате Ленка Поповска, асистент на проект на е-маил: lenka.popovska@rrc.org.mk или на телефон: 02 2602 083, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот.

 

Симнете го Повикот и Апликацијата