РРЦ и НВО СОНЦЕ изготвија прирачник за ран детски развој и образование за децата од градинката ,,8ми Април”

Во рамките на проектот ,,Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” ЗГ Ромски Ресурсен Центар во партнерска соработка со НВО СОНЦЕ изготвија прирачник за ран детски развој и образование, според кој таргетираните деца од градинката ,, 8ми Април,, од општина Шуто Оризари Оnline преку различни вежби и активности го надополнуваат изгубениот материјал и ги надоградуваат своите знаења и вештини.

Голема благодарност до родителите на вклучените деца и до градинката ,, 8ми Април,, кои кои помагаат во образовниот процес на своите деца и помагаат успешно да се реализира ваква активност.

Проектот е финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта. Проектот е менаџиран од Ромскиот образовен Фонд а го имплементираат Ромскиот Ресурсен Центар Скопје (РРЦ) и АДРР – Сонце Тетово. Проектот ги опфаќа општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.