Студентите медицинари креираа свој блог

За време на кампот за застапување имплементиран во Август 2010г., учесниците креираа сопствен блог.

Блогот е наменет да служи како алатка за поврзување на сите учесници по завршувањето на Кампот преку споделување на тематски едукативни медицински содржини, различни теми за дискусија како и место за информирање за различни настани, споделување на материјали, семинарски, есеи итн.

За време на кампот учесниците стекнаа вештини како да ги извршуваат основните функции со цел успешно да го користат блогот како алатка.  Тим од тројца учесници беа селектирани како администратори на блогот кои што ќе имаат можност да комуницираат со останатите свои колеги, да постираат како и да го администрираат блогот.