Ипек Усаинова – Претседател

Дипломирана на политички науки на Правниот факултет во рамките на Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и студент е на магистерски студии по Интер-религиски студии. Во овој период работи како правник во институцијата на Народен правобранител во Република Северна Македонија и ја врши функцијата претседател на Здружение на граѓани за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ –Скопје. Има 16 годишно работно искуство во граѓанскиот сектор и 10 годишно работно искуство во работа на заштита на човекови права во јавниот сектор. Има долгогодишно искуство како сертифициран тренер за одржување за зајакнување на капацитети на различни таргет групи за повеќе теми: јакнење на капацитетите и знаењата за меки вештини, стратешки развој и стратешко планирање, методи и техники за прибирање на средства за невладини организации, менаџмент со ризици, креирање на јавни политики, лобирање и застапување, подготовка на бизнис планови, пишување на проекти, а воедно е и национален тренер за заштита од дискриминација. Ипек Усаинова како Претседател на РРЦ е одговорна за оддржување и развивање на меѓународната соработка на РРЦ со повеќе организации и мрежи на национално и меѓународно ниво. Има значајно работно искуство во координирање и импелементација на проекти, развивање на методологии за истражување на национално и локално ниво и нивна анализа и подготовка на извештаи, креирање на политики, исто така има искуството за менаџирање со човечки ресурси и развој на организации што успешно го применува во РРЦ.

Себихан Демировски – Програм менаџер

Дипломиран на Филозофскиот факултет на катедрата за Дефектологија/специјална едукација во рамките на Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Со невладиниот сектор и прашањето за развој и интеграција на ромската заедница започнува во 2001 година уште како средношколец. Тој е сертифициран тренер во РРЦ и има искуство во подготовка и реализација на тренинзи за зајакнување на капацитети на различни таргет групи за повеќе теми: јакнење на капацитетите и знаењата за меки вештини, стратешки развој и стратешко планирање, методи и техники за прибирање на средства за невладини организации, менаџмент со ризици, креирање на јавни политики, лобирање и застапување, пишување на ЕУ проекти по пристап на логичка рамка, административно и финансиско спроведување на ЕУ проекти по ПРАГ, развивање и пишување на бизнис планови и социјално претприемништво. Особено е истакнат во спроведување на пограми за оддржлив развој на невладини организации и јакнење на капацитети на организации кои се во развој. Располага со повеќегодишно работно искуство на образовни проекти на сите нивоа на образование и креирање на образовни политики на национално ниво во текот на неговиот ангажман во Министерство за труд и социјална работа и Министерство за образование и наука. Тој е одговорен за раководење со тимот задолжен за прибирање на средства за стратешки и оддржлив развој на организацијата. Располага со експертиза во пишување, менаџирање и известување на ЕУ проекти и проекти за други донатори. Во моментот е посветен на РРЦ и меѓудругото е одговорен за менаџирање на човечките ресурси и организациски менаџмент и развој и ги менаџира проектите од областа на образование и социјално домување за ромската заедница.

Фатош Усаинова – Проектен менаџер

Дипломирана на Економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе 10 години активно работи во граѓанскиот сектор во полето на човекови права, малцински права, образование, здравство и вработување со акцент на Ромската заедница во Република Северна Македонија. Таа има солидно искуство во менаџирање на ЕУ проекти, подготовка на извештаи и политики во рамки на истите, како и повеќе годишно искуство во лобирање и застапување за надминување на проблематиките на Ромската заедница на локално и национално ниво. Својата експертиза успешно ја примени во пет годишниот ангажман во РРЦ како проектен координатор и 3 годинишната работа како проектен менаџер за ЕУ проекти за детски права и за развивање на менаџирање на грантова шема за инклузивно образование за Ромите. Покрај тоа, таа има искуство и во работа на проекти со млади Роми за градење на нивните капацитети за меки вештини, за човекови и малцински права и за претприемништво на ранливи групи на граѓани.

Цветанка Шаурек – Финансиски менаџер

Дипломирана на Економски Факултет отсек Финансиско-сметководствен менаџмент при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Таа има 20 години солидно работно искуство и експертиза во областа на финансиски менаџмент и сметководство, како во невладиниот така и во приватниот сектор во Република Северна Македонија. Има повеќе годишно работно искуство во финансии и сметководств во рамките на Фондација Отворено Општество во Македонија, а исто така работела на голем број на проекти во повеќе истакнати невладини организации како финансиски менаџер. Во РРЦ работи веќе 10 години и е одговорна за менаџирање на одделот за финансии и сметководство.

 

Асан Есат – Координатор

Дипломиран на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје отсек за Радиолошки Технолози. Во овој период работи како Координатор во рамки на проектот ,,Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” финансиран од Европската Унија и од Ромскиот Едукативен Фонд. Во Ромскиот Ресурсен Центар почна со работа во 2016 година и активно придонесува во развојот на организацијата и успешна и квалитетна имплементација на проектите. Во текот на неговиот ангажман тој се стекна со експертиза во координација и имплементација на европски проекти и проекти а други донатори.

 

 

Ељмедина Шабановска – Проектен асистент

Студент на Факултетот за безбедност – Скопје насока криминалистика. Акктивно е вклучена како фасилитатор во рамките на програмата учиме право при Младински образован форум – Скопје. Во РРЦ членува од 2015 година како активен волонтер во повеќе програми. Во овој период работи како асистент во РРЦ во рамки на проектот ,,Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” финансиран од ЕУ и Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта. Активно придонесува во развојот на организацијата и успешна и квалитетна имплементација на проектите. Во текот на нејзиниот ангажман таа се стекна со искуство во координација и имплементација на европски проекти и проекти а други донатори.

 

Тони Сали – Локален медијатор за Ран Детски Развој и предучилишно образование

Во моментот е ангажиран во РРЦ на позицијата Локален медијатор за предучилишно образование во рамките на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на деца Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” финансиран од ЕУ и Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта. Тој е одговорен за водење на програмата за млади во рамките на РРЦ и е вклучен во многу активности кои подразбираат теренска работа, мобилизација на младите и на заедницата и организирање на настани за активирање на младите како одговорни граѓани во рамките на општина Шуто Оризари. Активно придонесува во развојот на организацијата и успешна и квалитетна имплементација на проектите.