1ва награда за интеграција на Ромите од Европска Комисија за проектот “Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.Македонија”

1ва награда за интеграција на Ромите од Европска Комисија за проектот “Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.Македонија”.

Ромскиот Ресурсен Центар ја доби првата награда за интеграција на Ромите од Европска Комисија за проектот “Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.Македонија”.

Ова преставува потврда дека навистина РРЦ ги прави вистинските работи за ромската заедница. Горди сме на ова признание и овој успех го делиме со НВО СОНЦЕ од Тетово како главен партнер на проектот како и со останатите партнери и соработници (основни училишта, општини,факултети, тутори и локални ромски организации). Особена благодарност до Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта кој финансиски и технички го поддржува проектот како и Министерство за Образование и Наука/Управата за развој и унапредување на заедниците како клучен партнер во проектот.

Оваа награда претставува обврска за РРЦ да продолжиме заеднички да работиме посветено на унапредување на статусот на ромската заедница во Македонија.