Се привршува подкровјето и кровот и на четвртата куќа во ромската населба блок 18 во општина Виница

Челим од Италија, Ромскиот Ресурсен Центар и општина Виница продолжуваат со активностите за подобрување на квалитетот на домување на Ромите во општина Виница. Деновиве се привршува подкровјето и кровот и на четвртата  куќа.

Во рамките на проектот е предвидено да се реновираат вкупно 22 куќи кои се во најлоши и штетни услови за живеење.

Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница -СДХ“. Проектот го имплементираат CELIM од Милано – Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница во соработка со Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за спроведување на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Р. Северна Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 програмата од програмски акциски документ за 2017 година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.