Дали ромите и денес се соочуваат со стереотипи и предрасуди

Националната телевизија Сител на денешната утринска емисија ги покани да гостуваат Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и АДРР СОНЦЕ од Тетово. Во прилог следи кратко видео од  разговорот  со Себихан Демировски Програмски директор на РРЦ и Ферди Исмаили Извршен директор на Сонце.
Во текот на емисијата се зборуваше за долгогодишната работа на двете организации кои успешно придонесуваат за подобрување на состојбата на ромската заедница.
Исто така двајцата представници зборуваа и за стереотипите и предрасудите кон ромската заедница и за можните начини за надминување на истите. Во текот на емисијата беше посочен и видливиот исчекор на ромската заедница во областа на образованието, како и големиот број на успешни и позитивни примери во ромската заедница кои ја менуваат сликата за Ромите во Македонија. А беше укажано и на медиумите да почнат да ја прикажуваат позитивната страна на успешните примери за таа заедница, за да може јавноста полека да ги надминува стереотипите и предрасудите кои долги години се пренесуваат за ромската заедница.