Креирање на Стратегија за застапување за Пристап на студенти Роми до студентски домови
Студентите Роми - Медицинари учат вештини за застапување за време на зимски камп за застапување.
Студентите Роми - Медицинари учат вештини за застапување
Студентите Роми - Медицинари работат на креирање на Прирачник за застапување.

Не им е среќен 8ми Април на Адиле, Шанкар и Руфат...

Облачно попладне, со најави за врнежи во текот на денот. Денот сепак на повеќето од нас е зелено-син, со црвени примеси.. таков ми е барем мене timeline-от на ФБ, од сите пријатели кои на профилните слики го имаат ставено Ромското знаме (барем денес).. ама ако, се радувам, се сеќавам уште од 2006 на разговорите за денешниот ден во Ромаверситас, како треба да делуваме за да се развие етничката свест кај пошироката Ромска популација, што треба да се случи за да се развие чувството на гордост и достионство од носењето на грб на товарот да си Ром. Товар е, да, товар е многу голем, да не беше товар немаше да има ни Декада за вклучување на Роми, ни Стратегии за Роми, ни позитивна дискриминација за Роми... немаше да постои ниту ДИСКРИМИНАЦИЈА кон Ромите..

Со повеќе програми за едукација на Роми до поактивна заедница

Со повеќе програми за едукација на Роми до поактивна заедница

Селма Еминоска е студентка во втора година запишана на општа медицина и е решена да ги сруши стереотипите меѓу луѓето за Ромите. Таа е корисник на стипендијата која е дел од програмата на Ромскиот ресурсен центар и Фондацијата отворено општество, и смета дека се потребни уште многу вакви стипендии кои ќе го олеснат пристапот до образование на Ромите.

„Јас сакам да бидам една од многуте што ги има денес кои ќе покажат дека не сите Роми не учат, дека не сите Роми се такви како што мислат луѓето,  дека не сите прсти се исти. Сметам дека е важно да продолжат ваквите стипендии бидејќи има деца коишто се со капацитет и има деца коишто сакаат да учат, но поради финансиската положба во којашто се наоѓаат, тие и нивното семејство, не можат да си го пружат тоа....прочитајте ја веста целосно

Јавен оглас за Локални асистенти

Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) објавува јавен оглас за привремено ангажирање на тројца локални асистенти за потребите на проектот Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во ОУ “Браќа Рамиз и Хамид“. Проектот го спроведува РРЦ а финансиски е поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) –Будимпешта.

Јавен оглас за Финансиски Асистент

Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) објавува јавен оглас за привремено ангажирање на финансиски асистент за потребите на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во општина Шуто Оризари“. Проектот го спроведува РРЦ а финансиски е поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) –Будимпешта.

  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: