Креирање на Стратегија за застапување за Пристап на студенти Роми до студентски домови
Студентите Роми - Медицинари учат вештини за застапување за време на зимски камп за застапување.
Студентите Роми - Медицинари учат вештини за застапување
Студентите Роми - Медицинари работат на креирање на Прирачник за застапување.

Среќен 8ми Април - Светски ден на Ромите

Интеграција или сегрегација. Интеграцијата на моменти ми го губи идентитетот, ми наметнува туѓо, непознато, нешто кое ме плаши, но во исто време ме прави да се чувствувам сигурна во општеството. Интеграцијата ме прави да се чувствувам паметна, еднаква и почитувана. Интеграцијата ме прави да си го заборавам и името понекогаш.. Сегрегацијата исто така прави да се чувствувам сигурна, но во својот ограничен круг. Ме прави да се чувствувам горда на своето име, на 8ми април, на Ѓурѓовден и Василица. Но истовремено на моменти ме прави да се почувствувам нееднаква, го немам сето она што другите, оние интегрираните и мнозинството го имаат. Не сум паметна, немам работа, немам образование, дискриминирана сум.

Онака како што се чувствуваш, онака како што самиот се идентификуваш, така ќе те идентификуваат и другите. Интегриран или сегрегиран?

Јас сум Ромка, не се идентификувам ниту како интегрирана, ниту како сегрегирана, ниту под било кој друг наметнат поим кој не подели самите помеѓу нас.  Имам свое знаме, своја химна. Немам своја татковина, но го имам правото да живеам каде и да посакам...

Бахтало амаро зиес!


Текстот е напишан од: Фатима Османовска

Обука за млади Ромки за отпочнување на бизнис

Ромскиот Ресурсен Центар во соработка со НЦДИЕЛ спроведе серија на обуки за млади Ромки на тема “Стратегија, организирање и планирање на ресурси“. Целта на обуките беше јакнење на претприемачките вештини кај млади Ромки, како и развивање на бизнис преку пишување на бизнис план.

Стратегија, организирање и план на ресурси беше една од обуките.  На обуката беа присутни осум млади Ромки на возраст од 19 – 30 години. Преку обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со основните поими за бизнис како и начин на формирање и водење на бизнис. Преку практична работа, целната група успешно дефинираше бизнис идеи, визија и мисија, поставување на  цели за бизнис.

Преку презентација, учесниците добија информација за видовите на формирање  на бизниси, менаџирањето на човечките ресурси особено факторите за мотивација,  како еден од битните елементи за успехот на еден бизнис.

Подготвителни средби со локалните тимови, за поддршка во реализацијата на рaботилниците во заедницата

Во рамките на втората (follow–up) фаза на проектот “Летен Камп за застапување 2010“ беше планирано спроведување на работилници во заедницата.  Целта на работилниците е да се подигне свеста кај ромската популација за потребите и важноста од редовните и навремени лекарски прегледи. Исто така, и промоцијата на средношколците и студентите Роми на медицина е една од целите на работилниците во заедницата.

Како дополнителна поддршка на локалните тимови при организирањето на работилниците, РРЦ реализираше 13 средби со сите тимови во општините: Велес, Куманово, Kичево, Прилеп, Ш.Оризари, и Топаана. Целта на тие средби беше да се обезбеди дополнителна поддршка за поуспешна подготовка на работилниците со ромските семејства.

Прва ориентациона средба со сите средношколци и студенти роми медицинари, учесници од летниот камп

Согласно планот за активнсоти во рамките на проектот „Летен камп за застапување“, Ромскиот Ресурсен Центар организираше прва ориентациона средба со студенти и средношколци медицинари Роми. Средбата беше одржана на 28.11.2010 година во хотел ВИП. Целта беше да се презентираат резултатите од истражувањето што беше спроведено од страна на  средношколците и студентите во 6 општини: Велес, Прилеп, Куманово, Ш.Оризари, Ќичево, и Топаана. Дополнително, локалните тимови има можност да ги споделат нивните искуства од терен, како и препораки за подобрување на слични активности во иднина. Една од целите на средбата беше и договарање на идните активности во рамките на Follow up фазата од проектот.

  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: