Креирање на Стратегија за застапување за Пристап на студенти Роми до студентски домови
Студентите Роми - Медицинари учат вештини за застапување за време на зимски камп за застапување.
Студентите Роми - Медицинари учат вештини за застапување
Студентите Роми - Медицинари работат на креирање на Прирачник за застапување.

Продолжен рок за Јавен оглас за тутори

Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) објавува јавен оглас за ангажирање на тутори за реализација на туторска поддршка за ученици Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари. РРЦ во соработка со Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) – Будимпешта го реализира проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во општина Шуто Оризари“. Проектот финансиски е поддржан од Ромскиот Образовен Фонд –Будимпешта.

Заврши имплементацијата на Кампот за медицинари Роми за 2014 година


РРЦ ја заврши имплементацијата на Кампот за медицинари Роми за 2014 година кој што се имплементира како дел од проектот “Камп за застапување за медицинари Роми 2014“. Овој проект е дел од Програмата за стипендирање на медицинари Роми, Компонента за застапување која што е финансирана од страна на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта и Ромскиот Образовен Фонд.

За оваа активност извести ТВ Нова. Кликнете <овде> за да ја прочитате статијата.

 

 

Повик за практиканство за медицинари Роми за 2014 година

Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) објавува повик за практиканство за Роми ученици/студенти на средно стручните медицински училишта/медицински факултети во Република Македонија. Оваа активност се имплементира во рамки на проектот “Kамп за застапување 2014“ како дел од програмата Јавно здравје/Програма за медицински стипендии за Роми (РХСП) - Компонента за застапување, при Фондацијата Отворено oпштество - Македонија (ФООМ). Проектот е финансиски подржан од страна на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта.

  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: