Вести

Не им е среќен 8ми Април на Адиле, Шанкар и Руфат...

Облачно попладне, со најави за врнежи во текот на денот. Денот сепак на повеќето од нас е зелено-син, со црвени примеси.. таков ми е барем мене timeline-от на ФБ, од сите пријатели кои на профилните слики го имаат ставено Ромското знаме (барем денес).. ама ако, се радувам, се сеќавам уште од 2006 на разговорите за денешниот ден во Ромаверситас, како треба да делуваме за да се развие етничката свест кај пошироката Ромска популација, што треба да се случи за да се развие чувството на гордост и достионство од носењето на грб на товарот да си Ром. Товар е, да, товар е многу голем, да не беше товар немаше да има ни Декада за вклучување на Роми, ни Стратегии за Роми, ни позитивна дискриминација за Роми... немаше да постои ниту ДИСКРИМИНАЦИЈА кон Ромите..

Заврши имплементацијата на Кампот за медицинари Роми за 2014 година


РРЦ ја заврши имплементацијата на Кампот за медицинари Роми за 2014 година кој што се имплементира како дел од проектот “Камп за застапување за медицинари Роми 2014“. Овој проект е дел од Програмата за стипендирање на медицинари Роми, Компонента за застапување која што е финансирана од страна на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта и Ромскиот Образовен Фонд.

За оваа активност извести ТВ Нова. Кликнете <овде> за да ја прочитате статијата.

 

 

Повик за практиканство за медицинари Роми за 2014 година

Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) објавува повик за практиканство за Роми ученици/студенти на средно стручните медицински училишта/медицински факултети во Република Македонија. Оваа активност се имплементира во рамки на проектот “Kамп за застапување 2014“ како дел од програмата Јавно здравје/Програма за медицински стипендии за Роми (РХСП) - Компонента за застапување, при Фондацијата Отворено oпштество - Македонија (ФООМ). Проектот е финансиски подржан од страна на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта.

  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: