Јавен оглас за Финансиски Асистент

Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) објавува јавен оглас за привремено ангажирање на финансиски асистент за потребите на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во општина Шуто Оризари“. Проектот го спроведува РРЦ а финансиски е поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) –Будимпешта.

Ангажманот на финансискиот асистент ќе биде во времетраење од 10 месеци со полно работно време од 8 часа. 

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да имаат најмалку завршено средно образование;
  2. Да имаат искуство во финансиска администрација на проекти;
  3. Добро познавање на англиски јазик;
  4. Предност ќе имаат кандидатите кои припаѓаат на ромската заедница.

 

Сите заинтересирани кандидати, потребно е да испратат целосна документација, согласно со  поставените услови:

  1. CV (работна биографија);
  2. Писмо за мотивација;
  3. Потврда за највисок завршен степен на образование;
  4. Минимум една препорака од претходен работодавец;
  5. Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата и е во функција на потребните критериуми за селекција. 

 

 

Крајниот рок за пријавување за тутори е 14.09.2014 (Недела)

 

 

Документите за пријавување на конкурсот треба да бидат испратени на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

За дополнителни информации во врска со огласот можете да ја контактирате Фатош Усаинова на телефон 02 2602 083, секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.

 

На линковите подолу можете да ги превземете Јавниот оглас за позицијата Финансиски Асистент:

 

Симнете го Јавниот Оглас за Финансиски Асистент   

  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: