Јавен оглас за Локални асистенти

Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) објавува јавен оглас за привремено ангажирање на тројца локални асистенти за потребите на проектот Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во ОУ “Браќа Рамиз и Хамид“. Проектот го спроведува РРЦ а финансиски е поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) –Будимпешта.

Работни задачи за позицијата локален асистент ќе бидат следните:

 

  1. Да се грижат за редовноста на учениците во текот на дополнителната туторска и редовна настава;
  2. Да соработуваат со туторите, наставниците и родителите;
  3. Да вршат редовни посети на семејствата за зголемување на поддршката на родителите во процесот на образование на нивните деца;
  4. Да вршат редовен мониторинг на реализацијата на туторската настава;
  5. Да вршат медијација помеѓу родителите и училиштето;
  6. Да обезбедат целосна логистичка поддршка во текот на реализацијата на туторските часови;
  7. Да бидат во тесен и редовен контакт со проектниот тим на Ромскиот Ресурсен Центар;
  8. Да вршат други активности во насока на постигнување на предвидените цели на проектот.

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се жители на општина Шуто Оризари;
  2. Да го говорат одлично ромскиот јазик;
  3. Да имаат најмалку завршено средно образование;
  4. Да имаат искуство во теренска работа на ниво на Шуто Оризари;
  5. Да се препознатливи во заедницата;
  6. Да се лица кои можат да работат под притисок;
  7. Предност ќе имаат кандидатите кои се припадници на ромската заедница.

 

Сите заинтересирани кандидати, потребно е да испратат целосна документација, согласно со  поставените услови:

  1. CV (работна биографија);
  2. Писмо за мотивација;
  3. Потврда за највисок завршен степен на образование;
  4. Минимум една препорака од претходен работодавец;
  5. Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата и е во функција на потребните критериуми за селекција. 

 

Крајниот рок за пријавување за финансиски асистенти е 24.09.2014 (Среда)

 

Документите за пријавување на конкурсот треба да бидат испратени на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

За дополнителни информации во врска со огласот можете да ја контактирате Фатош Усаинова на телефон 02 2602 083, секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.

 

На линковите подолу можете да гo превземете Јавниот оглас за позициите Локални Асистенти:

 

Симнете го Јавниот Оглас за Финансиски Асистент   

  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: