Комуникациски вештини

Како социјални ентитети, ние трошиме многу време и напор во комуникацијата со другите. Комуникацијата веројатно е најважното прашање за луѓето. Нема да има разбирање да не постои комуникацијата. Тогаш нема да постои ниту соработката. Да не постоеше комуникацијата, немаше да постојат растот и развојот. Голем број од проблемите кои се сличуваат се како директен резултат на недоволна комуникација меѓу луѓето. Недоволната комуникација меѓу луѓето е причина за проблемите и таа води до забуна и може да биде причината за неуспехот на добрите планови.

Затоа, една од најважните вештини на луѓето се комуникациските вештини односно способноста за комуникација.

Секои перформанси стекнати тука ќе придонесат за вашиот тим, вашата работа, вашиот професионале живот, школување.

Обуката понудена од страна на РРЦ за комуникациски вештини се фокусира на основен концепт важен за успешна комуникација како што е стилови на комуникација, ефективна комуникација, активно слушање, комуникациски модел и.т.н.

Преку практичниот курс учесниците ќе научат:

Стилови на комуникација

  • Што е идеална комуникација?
  • Кои се различните видови на комуникација?

Интеракција со луѓе

  • Како да давате повратна информација (feedback)

Техники за прашување

  • Како да поставувате вистински прашања во вистинско време
  • Која е разликата помеѓу отвотени и затворени прашања

Говор на телото (Body Language)

  • Како да ги „читате“ луѓето преку нивниот говор на телото и да ги разбирате нивните мотиви подобро?
  • Која е разликата помеѓу отворените и затворените гестикулации и како тие влијаат во твојата комуникација со дугите?
  • Како да го контролирате вашиот глас за да бидете максимално ефективно?
  • Како да го усогласите вашиот говор на телото со говорот?

После обуката, очекуваме учесниците да стекнат знаење и вештини за:

  • Користење на различни стилови на комуникација зависно од ситуацијата;
  • Искажување на идеите концизно, прецизно и јасно;
  • Поставувасње на вистинските прашања за вистинските причини;
  • Препознавање и интерпретирање говор на тело и гестикулации при комуникацијата со другите;

Обуките се наменети за:

  • Млади лица на возраст од 17 – 30 години
  • Невладини организации
  • Раководства на мали и средни претпријатија
  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: