Подготовка на проекти

Пишување на проекти

Без директнo финансирање на проекти, повеќето невладини организации (НВО)
не можат да ги остварат своите цели. Затоа од голема важност е јасното и темелно пишување на проекти, кое е од суштинско значење за прибирање на средства, особено за невладиниот сектор.  Совладување на уметноста за пишување на предлог проекти  бара единствен пристап кон управување со проекти. Оваа обука има намера да послужи како основа за стекнување на вештини за процесот на подготовка на проекти, како и крајниот производ т.е. проектот. Особено е предизвик тоа што најголемиот дел од меѓународната донаторска заедница е насочена кон општо прифатен модел на развивање на проекти. Целиот процес на развивање на проекти според ЕУ стандарди е познат како Project Cycle Management - PCM. 

Цел на обуката: Корисниците на обуката да се стекнат со вештини за развивање на проекти според стандардите на Европска Унија, како и да го разберат пристапот на Логичка рамка.

Содржина на обуката:

  • Вовед во Менаџирање со проектен циклус
  • Фази на развивање
  • Анализа на засегнати страни
  • Анализа на проблеми
  • Поставување и дефинирање на цели
  • Избор на стратегии
  • Дефинирање и поставување на индикатори
  • Логичка матрица
  • Буџет

Обуката е наменета за:

  • Млади лица на возраст од 17 – 30 години
  • Членови и раководители на невладини организации

Времетраење на обуката:

Методи на работа: Power Point презентација, работа во групи, дискусија, студија на случај.

  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: