Тимска работа

Тим и тимска работа

Најголем дел од организациите  своите важни задачи ги остваруваат преку многу видови на групи и тимови. Некои од нив  сепак функционираат на високо ниво. Ефективната тимска работа е предизвик на секој поединец како и на секоја организација. Секоја организација се соочува со специфични предизвици за кои тимовите се најпрактичното и најмоќното средство на располагање на менаџерот. Критичната задача за менаџерите е да се грижат за генералниот перформанс и за видовите на тимови што би можеле да ја спроведат работата, да ги насочи во вистински правец кој ќе оствари резултат.

Веруваме дека тимовите ќе станат основни работни единици во организациите Иновацијата бара зачувување на квалитетот на работа преку структурното дејствување и отстранување на пристрасноста во работата преку тимското работење. Тимската работа има клучна улога во поврзувањето на различните перформанси, знаења и вештини од сите членови во тимот, кое гарантира успех на една организација или група.

Ромскиот Ресурсен Центар помага и ги адресира основните прашања за подобрување на тимската работа, со цел  зголемување на успехот на организацијата/компанијата како и зајакнување на индивидуалните капацитети, за успешна тимска работа.

Цел на обуката: Учесниците да научат што претставува тим и тимска работа, да развијат вештини за успешно работење во тим, како и  важноста на улогите на секој член во тимот.

Содржина на обуката

  • Тимови наспроти работни групи, разлики и сличнсти
  • Фази во формирање на тим
  • Улоги во тимот
  • Фактори кои влијаат на ефективната тимска работа
  • Култура во тимот
  • Разбирање на функционирањето на тимовите и градење кохезија во тимот
  • Интер и интра групна комуникација
  • Фактори на тимска мотивација
  • Улогата на лидерот во градењето на тимот
  • Стилови на водство и организациска култура
  • Начини на донесување на одлуки во тимот

Обуката е наменета за:

  • Млади лица на возраст од 17 – 30 години
  • Невладини организации
  • Раководства на мали и средни претпријатија

Времетраење на обуката:

Методи на работа: Power point презентација, бура на идеи, работа во групи, играње на улоги, дискусии итн.

  Здружение на граѓани 
  за подршка на маргинализирани групи
  “Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје
  «Локација»
  «Контакт»
Почетна           
За РРЦ            
Услуги            
Програми         
 Активност          
Соработка         
Мултимедија      

      Следете не на: