Република Северна Македонија прогласи вонредна состојба во државата!

Денеска претстедателот на државата Стево Пендаровски по предлог на владата на Република Северна Македонија прогласи вонредна состојба во државата.

Вонредна состојба е прогласена како мерка за заштита зголемување на заштитата и спречувањето на ширењето на Корона вирусот COVID 19 помеѓу граѓаните.

Времетраењето на вонредната состојба е прогласена за 30 дена од денот на состанување на собранието на Република Северна Македонија.

Со проласувањето на вонредна состојба во државата, факултетите, средните и основните училишта како и градинките ќе останат затворени и нема да спроведуваат настава и воспитни активности.

Активностите кои ги спроведува Ромскиот Ресурсен Центар ќе бидат на мирување во согласност со препораките на владата и на институциите.

Ромскиот Ресурсен Центар ќе продолжи со информативни активности за локалната заедница за нивно информирање за начините на заштита и важноста од почитување на препораките на институциите за заштита и спречување од заболување од Корона вирусот COVID 19.