Завршен настан на проектот ,,НИЕ ГРАДИМЕ МОСТ ЗА НАШАТА ИДНИНА,,

Успешно завршен проектот ,,НИЕ ГРАДИМЕ МОСТ ЗА НАШАТА ИДНИНА,, реализиран од страна на РРЦ – Скопје. Благодарност до сите вклучени страни и учесници кои несебично се вклучија во текот на овие шест месеци. Постигнати се сите цели предвидени, а денес за тоа говори изградениот модел на соработка и меѓуетничка толеранција со промоција на човековите и малцинските права помеѓу младите од различни етнички заедници од населбата Шуто Оризари.