Лидерство и лидерски вештини
Во текот на една деценија доаѓа до изненадување за големиот број на промени во управувањето на големите компании. Причините за тие промени често не се јасни до крај. Последиците се непредвидиливи. Некои промени во управувањето доведуваат до значајни успеси. Други завршуваат со значителни негативни последици. Во светот постојат повеќе примери за компании, организации и фирми кои биле на работ на затварање или на изумирање, но како што спомнавме со воведување на промени во управувањето се случувал неверојатен пресврт и повторно компаниите се развиле. За таквите промени клучно е лидерството. Лидерството во денешницава се дефинира како способност на еден човек, лидер или водач, да води други луѓе, да влијае на нив, да го следат во остварувањето на поставените цели и оставрување на посакуваните и потребните промени. Лидер е човек кој има способност да ги наведе другите да го следат, да го прават тоа што тој го предложува.
Цел на обуката: Учесниците да ја сватат важноста на лидерството како клучна улога за успехот и развојот на одредена организација/компанија. Да ги развијат нивните лидерски вештини и капацитети.
Содржина на обуката
- Разбирање на однесувањето на доброто и успешно лидерствo
- Спознавање на разликата помеѓу лидерство и менаџмент
- Дефинирање на квалитет и моќ
- Визионерство
- Видови на лидери
- Улогата на лидерот
- Видови на мотивација
- Интерперсонални и комуникациски вештини
- Донесување на клучни одлуки
- Лидерство преку примери
Обуката е наменета за:
- Млади лица на возраст од 17 – 30 години
- Невладини организации
- Раководства на мали и средни претпријатија
Времетраење на обуката:
Методи на работа: Power Point презентација, работа во групи, дискусија, студија на случај.
Презентациски вештини
Вашите презентациски способности можат да бидат клучни во развојот на вашата кариера, а на тој начин и во развојот на вашата организација. Затоа е важно тие постојано да се подобруваат и надградуваат. Не секој може да се пофали со структурирана презентација, добро илустрирана со примери која не само што им оставила впечаток на слушателите туку тој бил толку силен што запамтиле барем три работи од неа. Тоа значи дека презентерот не ги превидел важните работи поврзани со публиката, целта и големината на презентацијата како и употребата на визуелни средства.
Содржина
- Подготовка на презентација (структура и елементи на успешна презентација;
- Елементи на успешно надминување на страв и трема пред јавен настап;
- Остварување на релации со слушателите;
- Невербална комуникација (став, гестикулација, мимика итн.);
- Употреба на простор;
- Визуелни помагала (селекција и употреба);
- Употреба на прашања и одговори;
- Практичен дел, подготовка на презентација на зададена тема (секој учесник ќе добие видео запис од својот настап)
Методи на работа: Power Point презентација, работа во групи, дискусија, студија на случај.
Пишување на проекти
Без директнo финансирање на проекти, повеќето невладини организации (НВО)
не можат да ги остварат своите цели. Затоа од голема важност е јасното и темелно пишување на проекти, кое е од суштинско значење за прибирање на средства, особено за невладиниот сектор. Совладување на уметноста за пишување на предлог проекти бара единствен пристап кон управување со проекти. Оваа обука има намера да послужи како основа за стекнување на вештини за процесот на подготовка на проекти, како и крајниот производ т.е. проектот. Особено е предизвик тоа што најголемиот дел од меѓународната донаторска заедница е насочена кон општо прифатен модел на развивање на проекти. Целиот процес на развивање на проекти според ЕУ стандарди е познат како Project Cycle Management - PCM.
Цел на обуката: Корисниците на обуката да се стекнат со вештини за развивање на проекти според стандардите на Европска Унија, како и да го разберат пристапот на Логичка рамка.
Содржина на обуката:
- Вовед во Менаџирање со проектен циклус
- Фази на развивање
- Анализа на засегнати страни
- Анализа на проблеми
- Поставување и дефинирање на цели
- Избор на стратегии
- Дефинирање и поставување на индикатори
- Логичка матрица
- Буџет
Обуката е наменета за:
- Млади лица на возраст од 17 – 30 години
- Членови и раководители на невладини организации
Времетраење на обуката:
Методи на работа: Power Point презентација, работа во групи, дискусија, студија на случај.
Тим и тимска работа
Најголем дел од организациите своите важни задачи ги остваруваат преку многу видови на групи и тимови. Некои од нив сепак функционираат на високо ниво. Ефективната тимска работа е предизвик на секој поединец како и на секоја организација. Секоја организација се соочува со специфични предизвици за кои тимовите се најпрактичното и најмоќното средство на располагање на менаџерот. Критичната задача за менаџерите е да се грижат за генералниот перформанс и за видовите на тимови што би можеле да ја спроведат работата, да ги насочи во вистински правец кој ќе оствари резултат.
Веруваме дека тимовите ќе станат основни работни единици во организациите Иновацијата бара зачувување на квалитетот на работа преку структурното дејствување и отстранување на пристрасноста во работата преку тимското работење. Тимската работа има клучна улога во поврзувањето на различните перформанси, знаења и вештини од сите членови во тимот, кое гарантира успех на една организација или група.
Ромскиот Ресурсен Центар помага и ги адресира основните прашања за подобрување на тимската работа, со цел зголемување на успехот на организацијата/компанијата како и зајакнување на индивидуалните капацитети, за успешна тимска работа.
Цел на обуката: Учесниците да научат што претставува тим и тимска работа, да развијат вештини за успешно работење во тим, како и важноста на улогите на секој член во тимот.
Содржина на обуката
- Тимови наспроти работни групи, разлики и сличнсти
- Фази во формирање на тим
- Улоги во тимот
- Фактори кои влијаат на ефективната тимска работа
- Култура во тимот
- Разбирање на функционирањето на тимовите и градење кохезија во тимот
- Интер и интра групна комуникација
- Фактори на тимска мотивација
- Улогата на лидерот во градењето на тимот
- Стилови на водство и организациска култура
- Начини на донесување на одлуки во тимот
Обуката е наменета за:
- Млади лица на возраст од 17 – 30 години
- Невладини организации
- Раководства на мали и средни претпријатија
Времетраење на обуката:
Методи на работа: Power point презентација, бура на идеи, работа во групи, играње на улоги, дискусии итн.
Посетете ги нашите партнери,shoes – лидери во модерни обувки!