Во рамките на проектот ,,Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” на ден 28.02.2020 година беше одржана првата родителска платформа во Тетово во која најголемо значење имаат родителите чии деца се вклучени во оваа платформа ќе имаат можност за зајакнување на капацитети, унапредување во однос на родителските вештини и активна вклученост во донесувањето на одлуки за нивните деца во процесот на образовниот систем.
Проектот е финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта. Проектот е менаџиран од Ромскиот образовен Фонд а го имплементираат Ромскиот Ресурсен Центар Скопје (РРЦ) и АДРР – Сонце Тетово. Проектот ги опфаќа општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.