Во тек е втората година од имплементацијата на проектот ,,Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” имплементиран од страна на Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – Сонце, финансиран од Европската Унија , а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта.
Проектот го поддржува раниот детски развој кај учениците Роми и придонесува за нивна подготовката за успешно вклучување во основно образование.Во рамки на проектот се опфатени вкупно 216 деца од општините Шуто Оризари,Тетово и Гостивар. Во општина Шуто Оризари се вклучени ,односно опфатени 116 деца во пред училишно образование и ран детски развој.
Покрај игротеката која функционира два пати неделно во просториите на градинката ,, 8ми Април “, во рамки на проектот се спроведуваат и редовни активности со родителите на децата вклучени во проектот со цел да се подигне нивната свест за важноста на образованието,како и да станат активни чинители во поддршка на образованието на нивните деца.
Проектот е финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта. Проектот е менаџиран од Ромскиот образовен Фонд а го имплементираат Ромскиот Ресурсен Центар Скопје (РРЦ) и АДРР – Сонце Тетово. Проектот ги опфаќа општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.