Сите зборуваат за некаква глобализација. „Светот се глобализира…светот е едно глобално село…глобализацијата била ова, значела тоа…итн“, но воопшто не сме сигурни колку луѓето кај нас го сфаќаат вистински концептот на глобализација, прифаќаат или најважно, искористуваат.
Околу глобализацијата и нејзините позитивни или негативни ефекти, посебно на земјите во развој, има многу дискусии и расправии на светко ниво, но тоа не е тема на разговор во овој текст. Овде повеќе сакам да обратам внимание на ефектите и влијанието на глобализацијата врз нас и нашиот развој, и како може максимално позитивно да го искористиме процесот на глобализација.
Ако сакате да ги дознаете ефектите од глобализацијата, посебно за земјите во развој и како максимално да ги искористиме тие промени за понатамошно подобрување, прочитајте ги следниве корисни предлози:
- Можност за развој на бизнис
Во светот повеќе не важи правилото „големите ги јадат малите“ туку „брзите ги јадат, спорите“. Ако имате добра идеја, ако размислувате глобално, ако се едуцирате правилно и размислувате и работите светски, можностите за развој на успешен бизнис се огромни. - Пазар
Нашиот пазар повеќе не е 2 милиони потрошувачи, туку 6.5 милијарди. - Технологија
Глобална телекомуникациска структура – денес, како никогаш досега не било полесно и поефтино да се комуницира со било кого и од било каде во светот. Интернет, скајп, фејсбук, воип, мрежи, трансфер на податоци, оптички кабел, ју-тјуб, безжични телефони и уште што не. Но, колку од овие помагала и алатки ги користите (мислам во продуктивна и едукативна смисла)? - Конкурентност
За да опстанете на овој суров глобален пазар, мора постојано да работите на подобрување на својата продуктивност и конкурентност. Мора постојано да инвестирате во напредни технологии, едукација, инвестирање во луѓе и подобрување на производите ако сакате да се соочите рамноправно со светската конкуренција. Специјализирајте се во одредена област.5. Аутсорсинг (Outsourcing)
Нудете ги вашите услуги (ИТ, идеја, веб, дизајн, мозок)! Денес е многу лесно да се најдат компании во светот кои би биле заинтересирани да ја слушнат вашата понуда и тестираат вашата услуга. Но, за да бидете конкурентни на светскиот пазар, мора постојано да се развивате и подобрувате во работата.
- Едукација
На интернет имате СЕ!!! Ако нешто не знаете или ако сакате нешто да дознаете, прашајте го ГУГЛ. Тој се знае. Во денешно време кога се ви е достапно со еден клик на глувчето (се може да видите како се прави на „How it’s made?“), постојаното следење на движењата во светот и едукација во сами себе е единствената формула за успех. - Јазик
- Околу 35% од е-mail, факс, и други пораки се на aнглиски.
- Повеќе од 40% од светските радио програми се на aнглиски.
- 50% од целокупниот интернет комуникацијата е на aнглиски.
Учете јазик. Учете aнглиски. Ќе се зачудите ако ви кажам дека некои од македонските извозници, бидејќи не знаат aнглиски го лимитираат својот пазар на Македонија и регионот?!? А, ако сакате да бидете подобри од другите (во светот) научете уште еден јазикповеќе.
Размислувајте ГЛОБАЛНО…размислувајте СВЕТСКИ!!!