Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки / центри за ран детски развој за време на пандемијата со Ковид-19, кое е планирано да почне од 9 септември 2020 година. До тогаш градинките се должни да се подготват за работа.
-Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа, кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца, да обезбедат дополнителен простор или да адаптираат соодветен простор за потребите на градинките, доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, како и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со Ковид-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање – информираат од Владата.
Извор-https://deca.mk/