Дали и колку ризикувате?
Ризикот генерално се сфаќа во негативна смисла. Кога се мисли на ризик, се мисли на опасност, тензија, непријатна ситуација или можна загуба. Меѓутоа ризикот има своја позитивна страна (т.н интелегентен ризик). Со превземање на ризик во животот и работата, ние растеме, учиме и создаваме можност за остварување на нашите соништа, цели и амбиции, како и за остварување на нашите планирани работни задачи иактивности.
Превземањето на ризици е неодделив дел од нашето секојдневно живеење и работење, а сепак многу од нас избегнуваат да го прифатат, и се одлучуваат да останат закопани во сигурната зона – зона на мирување.
Во суштина не е добро да превземате ризик по секоја цена во работењето, туку да не се плашите да преземете некоја активност или имплементирате некоја идеја, доколку верувате дека ќе има позитивен ефект, а истата е навидум многу тешка или проблематична за реализација – ризична.
Во кои ситуации да одлучите да ризикувате „интелегентно“:
Кога вистински верувате во некоја работа;
- Кога Вашите одлуки се темелат на претходни искуства и факти (не субјективни расуди);
- Кога ја познавате многу добро областа во која влегувате;
- Кога го имате вкалкулирано можниот ризик и сте спремни да го прифатите (и издржите) евентуалниот негативен ефект;
Во суштина, најинтелегентен ризик е оној каде што можниот негативен ефект е лимитиран, а потенцијалниот бенефит (ќар) е неопределен (неограничен). Тие се ризиците кои Вие треба да ги прифаќате!!!
Еве неколку примери на интелегентно превземање на ризик:
- Поканете некоја девојка (или дечко) на состанок (најлошо што може да се случи – еднократно одбивање, а најдобра варијанта – доживотен Ваш партнер)
- Побарајте покачување или унапредување (најлошо што може да се случи – директорот да Ви каже НЕ, а најдобра варијанта – унапредување или покачување на плата)
- Започнете некојаДали и колку ризикувате?
Ризикот генерално се сфаќа во негативна смисла. Кога се мисли на ризик, се мисли на опасност, тензија, непријатна ситуација или можна загуба. Меѓутоа ризикот има своја позитивна страна (т.н интелегентен ризик). Со превземање на ризик во животот и работата, ние растеме, учиме и создаваме можност за остварување на нашите соништа, цели и амбиции, како и за остварување на нашите планирани работни задачи иактивности.
Превземањето на ризици е неодделив дел од нашето секојдневно живеење и работење, а сепак многу од нас избегнуваат да го прифатат, и се одлучуваат да останат закопани во сигурната зона – зона на мирување.
Во суштина не е добро да превземате ризик по секоја цена во работењето, туку да не се плашите да преземете некоја активност или имплементирате некоја идеја, доколку верувате дека ќе има позитивен ефект, а истата е навидум многу тешка или проблематична за реализација – ризична. - Во кои ситуации да одлучите да ризикувате „интелегентно“:
- Кога вистински верувате во некоја работа;
- Кога Вашите одлуки се темелат на претходни искуства и факти (не субјективни расуди);
- Кога ја познавате многу добро областа во која влегувате;
- Кога го имате вкалкулирано можниот ризик и сте спремни да го прифатите (и издржите) евентуалниот негативен ефект;
Во суштина, најинтелегентен ризик е оној каде што можниот негативен ефект е лимитиран, а потенцијалниот бенефит (ќар) е неопределен (неограничен). Тие се ризиците кои Вие треба да ги прифаќате!!!
Еве неколку примери на интелегентно превземање на ризик:
- Поканете некоја девојка (или дечко) на состанок (најлошо што може да се случи – еднократно одбивање, а најдобра варијанта – доживотен Ваш партнер)
- Побарајте покачување или унапредување (најлошо што може да се случи – директорот да Ви каже НЕ, а најдобра варијанта – унапредување или покачување на плата)
- Започнете некоја нова активност што ќе влијае на Вашиот личен развој (најлошо што може да се случи – да изгубите малку време, а најдобра варијанта – да си го промените животот)
- Зачленете се во некој клуб – фитнес, јога, боди-билдинг итн. (најлошо што може да се случи – да изгубите време и да се откажете, а најдобра варијанта – подобрување на Вашата физичка и ментална сила и капацитет, како и запознавање на нови пријатели или потенцијални соработници)
- Читајте по 30мин. секој ден од областа на Вашата специјалност (најлошо што може да се случи – да изгубите малку време, а најдобра варијанта – да станете експерт во вашата област).
Денеска, во секој бизнис, во секое деловно опкружување постои некаков ризик. Но, со анализа на ризикот и употреба на алатки за негово менаџирање, ризикот може да се мери, контролира или да се дефинираат активности кои ќе го минимизираат можниот негативен ефект.
Чекори за анализа и менаџирање на ризик:
1. Идентификување на закани
2. Проценка на ризик
3. Менаџирање на ризикот
4. РевизијаРизикувајте „паметно“, – одете напред, правете грешки – но учете од нив, и не гледајте позади, тоа што поминало, не може да се врати!
нова активност што ќе влијае на Вашиот личен развој (најлошо што може да се случи – да изгубите малку време, а најдобра варијанта – да си го промените животот
- Зачленете се во некој клуб – фитнес, јога, боди-билдинг итн. (најлошо што може да се случи – да изгубите време и да се откажете, а најдобра варијанта – подобрување на Вашата физичка и ментална сила и капацитет, како и запознавање на нови пријатели или потенцијални соработници)
- Читајте по 30мин. секој ден од областа на Вашата специјалност (најлошо што може да се случи – да изгубите малку време, а најдобра варијанта – да станете експерт во вашата област).
Денеска, во секој бизнис, во секое деловно опкружување постои некаков ризик. Но, со анализа на ризикот и употреба на алатки за негово менаџирање, ризикот може да се мери, контролира или да се дефинираат активности кои ќе го минимизираат можниот негативен ефект.
Чекори за анализа и менаџирање на ризик:
1. Идентификување на закани
2. Проценка на ризик
3. Менаџирање на ризикот
4. Ревизија
Ризикувајте „паметно“, – одете напред, правете грешки – но учете од нив, и не гледајте позади, тоа што поминало, не може да се врати!