На 18.12.2018 година, Ромскиот Ресурсен Центар организираше завршна конференција на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за унапредување на напорите за образовна инклузија на Ромите“.
Целта на конференцијата е да се промовираат постигнатите резултати во рамките на проектот, да се промовираат најуспешните под – грантови кои беа доделени на локални организации за поддршка на инклузивно образование за Роми, како и дискусија за системски решенија на проблемите во образованието со кои се соочува ромската заедница во Македонија.
Гости говорници на конференцијата беа:
- Ипек Усаинова – Претседател на Ромскиот Ресурсен Центар;
- Давид Рама – Програмски менаџер од партнерската организација КМОП од Атина, Грција;
- Самка Ибраимовски – Пратеник во собранието на Република Македонија;
- Петар Атанасов – Заменик министер во Министерство за образование и наука;
- Милутин Станчиќ – Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.
Дополнително на конференцијатаа присуствуваа и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, претставници на локалните самоуправи, претставници на невладините организации, претставници од високо образовните институции, и др.
На конференцијата беа донесени конкретни препораки и заклучоци за поддршка и унапредување на инклузивното образование за Ромите во Република Македонија, како што се:
- Воведување на Ромските Образовни Медијатори и проширување на програмата во повеќе општини;
- Продолжување со системската поддршка на стипендии за срендошколци Роми и за студенти Роми;
- Законски измени во законот за основно образование и воведување на мерка за обезбедување на туторска поддршка за слабите ученици;
- Олеснување на процесот на нострификација за повратниците Роми и нивно вклучување во редовното образование;
- Законски измени во законот за основно образование за креирање на посебни програми за ученици Роми кои се на одмината возраст и не можат да се вклучат во образовниот систем.
Проектот го имплементира Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје во партнерство со Центарот за детско и семејно згрижување КМОП од Атина, Грција.
Конференцијата целосно можете да ја проследите на следниот линк: