Здравствени работилници со ромски семејства во општина Прилеп

Здравствени работилници со ромски семејства во општина Прилеп

 

Во рамките на follow – up фазата од проектот Летен камп за застапување за медицинари Роми, Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) поддржа организирање на  едукативни здравствени работилници со ромски семејства во општина Прилеп.

Целта на работилниците бешe да се подигне степенот на информираност, свеста кај ромската заедница за важноста на здравјето, и промоција на студентите и средношколците Роми, стипендисти на RHSP програмата.

РРЦ во Прилеп реализираше четири едукативни здравствени работилници на следните теми: „Општи здравствени проблеми“, „Гинекогија и гинеколошки проблеми“ и „Сексуално и репродуктивно здравје“ и „Инфективни и вирусни заболувања“. На работилниците присуствуваа учесници од 17 – 55 години.

Предавачи на работилниците беа доктори и професори од средното медицинско училиште во Прилеп.

Со работилниците, беа опфатени околу 52 учесници. Учесниците имаа можност да добијат информации за најчестите и најзначајните заболувања кај луѓето, како и симптомите кои даваат знаци за одредена болест. Особено беше даден акцент на важноста од превенција од гинеколошки заболувања кај жените, и начините на заштита од истите. Младите се запознаа со сексуалното и репродуктивно здравје, заштита од сексуално преносливи болести – превенција,  како еден од клучните механизми за заштита. Учесниците се запознаа и со инфективните и вирусните заболувања, причините поради кои се јавуваат, нивната манифестација, препознавање, заштита и лекување од најчестите видови на инфекции. Како најзначајни инфективни и вирусни заболувања беа спомнати: хепатитис b и c, токсоплазмоза, туберкулоза, херпес итн. Како совет од страна на предавачите до учесниците беше упатен „редовни и навремени здравствени прегледи како еден од најсигурните механизми за здравствена заштита“.

Логистичка поддршка беше обезбедена од страна на Ромскиот Ресурсен Центар, работилниците беа организирани од страна на Селма Еминоска и Рабија Мамудоска, лидери на локалниот тим во Прилеп.