Во рамките на follow – up фазата од проектот Летен камп за застапување за медицинари Роми, Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) поддржа организирање на едукативни здравствени работилници со ромски семејства во општина Велес.
Целта на работилниците e да се подигне степенот на информираност, свеста кај ромската заедница за важноста на здравјето, и промоција на студентите и средношколците Роми, стипендисти на RHSP програмата.
РРЦ во Велес реализираше три едукативни здравствени работилници на следните теми: „Општи здравствени проблеми“, „Гинекогија и гинеколошки проблеми“ и „Сексуално и репродуктивно здравје“. Првите две работилници беа наменети за жени и девојки на возраст од 17 – 45 години. Третата работилница беше оддржана на хетерогена група на млади средношколци.
На првите две работилници предавачи беа доктори по општа медицина и специјалист по гинекологија. На третата работилница за „сексуално и репродуктивно здравје“ предавачи беа Семран Идризовска и Фатма Емрулова, кои беа дел од летниот камп за застапување, истовремено и стипендисти на РХСП програмата.
Со трите работилници, беа опфатени околу 45 учесници. Учесниците имаа можност да добијат информации за најчестите и најзначајните заболувања кај ромската заедница, како и симптомите кои даваат знаци за одредена болест. Особено беше даден акцент на превенцијата од гинеколошки проблеми кај жените, и начините на заштита од истите. Младите средношколци се запознаа со сексуалното и репродуктивно здравје, заштита од сексуално преносливи болести – превенција, како еден од клучните механизми за заштита. Се дискутираше и за превентивните мерки за заштита и подобрување на општата здравствена состојба.
Логистичка поддршка беше обезбедена од страна на Ромскиот Ресурсен Центар, работилниците беа организирани од страна на Семран Идризовска и Фатма Емрулова, лидери на локалниот тим во општина Велес.