Здравствени работилници со ромски семејства во општина Кичево
Во рамките на follow – up фазата од проектот Летен камп за застапување за медицинари Роми, Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) реализираше едукативни здравствени работилници со ромски семејства во општина Кичево.
Целта на работилниците e да се подигне степенот на информираност, свеста кај ромската заедница за важноста на здравјето, и промоција на студентите и средношколците Роми, стипендисти на RHSP програмата (Roma Health Scholarship Program).
Ромскиот Ресурсен Центар во Кичево спроведе три едукативни здравствени работилници на следните теми: „Кардиоваскуларни болести“, „Гинекогија и гинеколошки проблеми“ и „Алкохолизам и дрога“. Првата работилници беше наменета за мажи и жени на возраст од 30 – 60 години. Втората работилница беше наменета за девојки и жени на возраст од 17 – 50. Третата работилница беше оддржана на хетерогена група на млади средношколци.
За предавачи на работилниците беа ангажирани доктори по општа медицина, кардиолози и специјалист по гинекологија.
Со работилниците беа опфатени 57 учесници. Учесниците имаа можност да добијат информации за причините кои доведуваат до заболувања на срцето, симптомите, и превенцијата за заштита од кардиоваскуларни болести. Беше даден акцент на гинеколошките заболувања, причините и последиците од истите, превенцијата од гинеколошки проблеми, и важноста на репродуктивното здравје кај жената. Младите се запознаа со алкололизмот, дефинирање, причини кои доведуваат до алкохолизам, особено последиците од таа состојба. Краток осврт се даде на видовите на опојни средства (дроги), влијанието на тие средства врз човековиот организам, како и десоцијализацијата како последица од консумирањето на опојни средства.
Целата логистичка поддршка беше обезбедена од страна на Ромскиот Ресурсен Центар, а работилниците беа организирани од страна на локалниот тим на медицинари Роми од Кичево.