Здравственa работилници со ромски семејства во општина Шуто Оризари
Во рамките на follow – up фазата од проектот Летен камп за застапување за медицинари Роми, Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) поддржа организирање на едукативни здравствени работилници со ромски семејства.
На ден 05.02.2011 година, здравствена работилница со Ромски семејства беше реализирана во општина Шуто Оризари на тема „Срцеви заболувања“.
Целта на работилниците бeше да се подигне степенот на информираност кај локалното население, свеста кај ромската заедница за важноста на здравјето, и промоција на студентите и средношколците Роми, стипендисти на RHSP програмата.
Предавач на работилницата беше Др. Никола Проданов, лекар на поликлиника Чаир. На работилницата беа присутни 13 учесници. Присутните имаа можност да добијат поопширни информации за улогата на срцето во човечкиот организам, заболувањата, причините за заболување на срцето, и превентивните мерки за заштита. Исто така беа спомнати и начините на лекување и интервенции од кардиоваскуларни заболувања. До присутните беше пренесена порак за важноста и потребата за редовни прегледи и конслултации со нивните матични лекари.
Учесниците изразија големо задоволство од таквиот тип на едукативни работилници, и инсистираа помасовно информирање на локалното население од повеќе видови здравствени теми.
Логистичка поддршка беше обезбедена од страна на Ромскиот Ресурсен Центар, а работилницата беше организирана од страна на локалниот тим на медицинари Роми од Шуто Оризари.