Испружи ги нозете колку што ти е чергичето или повеќе од тоа???

Испружи ги нозете колку што ти е чергичето или повеќе од тоа???

Во можност сте да добиете голем проект кој што во моментот е надвор од Вашите можности. Притисокот со кој ќе се соочите може  да влијае на другите (тековни) продукти. Неквалитетен продукт, може да ја загрози Вашата репутација. Згора на се,  Ве притиска и нашата поговорка: “испружи ги нозете колку што ти е чергичето”!!

Дали да го земете тој проект или не?? Доколку сте заинтересиран за пораст на вашата работа…. Доколку не сте од оние кои не сакаат да ризикуваат…. Доколку не сте класичен менаџер…. секако дека одговорот ќе биде ДА. Но, сепак некои основни работи не смеат да бидат запоставени, затоа што таквите проекти го издигнуваат вашиот бизнис на повисоко ниво, го зголемуваат бројот на вработени, ги зголемуваат вештините, ја зголемуваат самодовербата, и секако ја збогатуваат референтна листа.

Предизвикот е огромен, но еве неколку совети  кои ќе Ви помогнат да имате успех:

Планирање, Планирање, Планирање – знаеме дека сте го слушнале многу пати, но не многу пати кај нас се употребува. Инвестирајте доволно време во убаво планирање на новиот проект, неговата имплементација, потребни ресурси, алатки за мониторинг, влијанието негово на постоечките проекти, временска рамка итн. Сето ова само може да ви помогне во добро менаџирање на старите и новите проекти.

Лимитирајте ги финансиските расходи – секое превземање на поголеми проекти од вашите моментални можности предизвикува нови инвестиции (технички и човечки ресурси и друго), па поради тоа ќе треба да направите реконструкција на планираниот буџет за тековниот период (се надевам дека го правите тоа). Од голема помош може да ви се најдат разговори со луѓе кои биле во таква ситуација или експерти кои ќе ви помогнат. Немојте да штедите во разговори со тие лица затоа што после тоа ќе Ви се вратат троструко. Од нив ќе извлечете поука за нивните грешки при исти или слични ситуации па обидете се да не ги правите. Но, ако сепак не сакате да се консултирате со тие луѓе, обрнете внимание на непотребните расходи во тој период, па дури и ако треба откажете се од некои благодети. Финансиски редуцирања на некои расходи ќе бидат повеќе од потребни во тој период, се додека повторно не застанете на здрави нозе.

Употребете човечки ресурси кои се како создадени за таа работа – доколку не можете да ги купите тие луѓе, најдобра опција ви е ”outsourcing” (употреба на надворешни добавувачи). Многу луѓе кај нас се противат на оваа идеја, но овој концепт може да го зголеми вашето слободно време, а истовремено гради нови релации и зголемување на работната способност на Вашата комапнија. Со употреба на овој модел, не ја минимализирате вашата вредност туку баш напротив, во очите на оној што ви го доверил проектот само добивате поени (подобар квалитет на испорачан продукт, пократко време на испорака, добро менаџирање итн.).

Никако немојте да ги запоставувате старите проекти – време е некој од вработените на старите проекти да ја превземе улогата на координатор и човек кој ќе ги превземе сите микроменаџмент и по некоја макроменаџмент ситуација, човек со кој ќе можете да разговарате за тековните работи на тие проекти….. Знаеме дека е тешко, но доколку сакате развој ќе мора да го направите ова. И имајте на ум, нема ист како вас на земјинава планета, но има сличен на вас. Секако, инвестирајте време (помалку) во мониторирање на тиепроекти.

Не прекинувајте да продавате – многу пати се случува кога ќе се земат нови проекти да се занемарат некои од активностите во компанијата, најчесто маркетингот и продажбата. Тоа секако е многу лошо, па дури и погубно за Вас и Вашата компанија. Или вработете човек (добро обучен) кој што ќе го прави тоа за вас, но ќе треба да го надгледувате и водите (барем на почетокот) многу добро или доколку не сакате да вработите нов човек, одвојте време (Ваше и на тие што претходно го работеле тоа) со што не би ги запоставиле маркетингот и продажбата.

Сето ова погоре споменато ќе Ви помогне да не ја почитувате старата македонска поговорка и истата да ја промените во: “Испружи ги нозете повеќе отколку што ти е чергичето, а во меѓувреме ќе го плетеме чергичето”.