Камп за застапување

Камп за застапување

Ромскиот Ресурсен Центар-Скопје (РРЦ) во период од 08.08-14.08.2015 година го организирал 5-от Камп за застапување(компонента од Програмата за Медицински стипендии за Роми (РХСП) , која е имплементирана од ФООМ, финансиски поддржана од Ромскиот образовен Фонд(РЕФ) и Програмата за јавно здравје при Фондациите отворено општество-Програма за здравјето на Ромите ) на средношколци/студенти Роми кои учат/студираат медицина во РМ ,во х.Климетица-Охрид.

За време на 7 дневниот камп ,присутните студенти/средношколци имаа можност заедно со нивните ментори да се стекнат со знаења и вештини од следниве области :

1 .Ромска историја,култура,традиција,ромски идентитет
2.Комуникација и лидерство
3.Дискриминација и предрасуди
4.Застапување и процес на креирање на јавни политики ;
5.-Преговарање и преговарачки вештини ;
-Позитивни пракси во Македонија при имплементирање на иницијативи поврзани со унапредување на Ромското здравје ;

6.Здравствени политики за унапредување на Ромското здравје и здравјето на мајките и децата .