Камп за застапување

Како дел од програмата за Јавно здравство, Фондацијата Отворено општество Македонија во партнерство со програмата за Јавно здравство/Отворено општество Будимпешта и Ромскот Образовен фонд, од 2010 година започна со имплементација на програмата Стипендирање на ученици и студенти Роми на медицина. Програмата е составена од 4 компоненти: финансиска подршка (стипендија), менторство, медиа и застапување.

Летен камп за застапување 2011 за студенти и ученици на медицина

Како дел од програмата за Јавно здравство, Фондацијата Отворено општество Македонија во партнерство со програмата за Јавно здравство/Отворено општество Будимпешта и Ромскот Образовен фонд, од 2010 година започна со имплементација на програмата Стипендирање на ученици и студенти Роми на медицина. Програмата е составена од 4 компоненти: финансиска подршка (стипендија), менторство, медиа и застапување.

Од самиот почеток на програмата во 2010 година, РРЦ ја имплементира компонентата за застапување. Оваа компонента има за цел да ги информира стипендистите за тековните здравствени програми, да им се подигне свеста во однос на здравствената ситуација и здравствената заштита на Ромите, како и да им се изградат капацитетите за активно учество во процесите кои се насочени кон подобрување на здравствемата состојба на Ромите.

Главна активност на проектот е одржување на Летен камп за застапување. Во 2011 година, Летниот камп за застапување се одржа во период од 03-13 август во Охрид.

Целна група:

Иницијативата е генерално насочена кон сите потенцијани избрани стипендисти на РХСП. Во последователните активности по одржување на кампот, РРЦ ги вклучува сите заинтересирани ученици и студенти на медицина кои не се директно подржани од програмата.

Цели на проектот:

  • Зајакнување на капацитетите на сите потенцијани стипендисти на програмата и нивните ментори во однос на процесот на застапување и постоечките здравствени политики, како и запознавање со процесот на донесување на одлуки
  • Придонес кон подобро вмрежување и соработка на потенцијалните стипендисти и нивните ментори
  • Зголемување на видливоста и промовирањето на стипендистите помеѓу заедницата преку последователните актиности
  • Воспоставување на механизми за застапување на студентите и средношколци на медицина.

Активности:

Проектот е поделен во две фази. Првата фаза е одржувањето на Летниот камп за застапување, додека другата фаза е имплементација на серија последователни активности кои вклучуваат различен ангажман на стипендистите и другите заинтересирани студенти и средношколци Роми на медицина на локално ниво.

Времетрање: Август 2011 – Јули 2012