Координативна средба со локални партнери

Прва Координативна средба со локални партнери, институции,организации и индивидуалци во рамки на проектот “Право на здравје-обезбедување на параправна помош на населението во Ш.Оризари

На 30.06.2014 година, РРЦ ја организираше 1-та координативна средба со локални институции,организации и индивидуалци како дел од проектот “Право на здравје-обезбедување на параправна помош на населението во Ш.Оризари”.
На координативната средба беа присутни вкупно 18 лица. Дел од нив беа претставници од Народниот правобранител, Комисија за заштита од дискриминација и претставник од подрачното одделение на ЦСР-Ш.Оризари, претставници од НВО-ите од Амбрела, ХЕРА, СОС Детско Село, Надеж, ХОПС, ЦДРИМ Клуб на Млади на Црвен-Крст на Шуто Оризари и РРЦ.
Тема за дискусија беше Искуства во процесите на поднесување на жалби, тужби и претставки до надлежните иснтитуции,функионалност на системите и предизвици.