Локалното Акциско Јадро за општина Шуто Оризари предводено од Ромскиот Ресурсен Центар na 28 мај 2024година ја организираше првата средба на лидерската група од општина Шуто Оризари.
Шуто Оризари продолжува посветено да работи на активностите за здружување на заедницата и поттикнување на поголема организираност и заедничко делување. Ова се потврди со денешната средба на лидерската група во која учество земаа истакнати претставници од локалната заедница од различни области како што се образование, бизнис заедницата, младите, невладините организации, медиуми и претставници од локалните институции.
Целта на лидерската група е да помогне на локалното акциско јадро во стратешкото насочување на активностите, идентификување на приоритетите на заедницата и промоција на локалното акциско јадро. Од друга страна ќе обезбеди поддршка во остварување на долгорочен пристап за прибирање на ресурси во заедницата, развој на локалните капацитети и поттикнување на лидерство на локално ниво.
Активностите се спроведуваат во рамките на проектот на USAID North Macedonia “Здружи се за заедницата“ кој го имплементира Konekt , во партнерство со Фондација Аполонија, Индиго и ЕВН.