На 12ти Февруари 2019 година, претставници од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) беа на мониторинг-посета во Ромскиот Ресурсен Центар. Мониторинг посетата беше имплементирана во рамки на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование”, кој го спроведуваат Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со НВО Сонце од Тетово.
Во рамки на мониторинг посетата, претставниците од РЕФ остварија средба со претставници од ЈОУГД ,,8-ми Април“ и претставници од општина Шуто Оризари.Проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” проектен код ECD-MAC-01, е финансиран од Европската Унија / DG NEAR, а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта.