Обука за обучувачи за медицинари Роми

Како дел од Програмата за јавно здравство, имплементирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), Ромскиот Ресурсен Центар го релаизираше проектот „Тренинг обука за Обучувачи“ . Проектот е дел од компонентата за застапување во рамките на програмата за јавно здравство. Проектот финансиски е поддржан од Институт Отворено Општество – Будимпешта.

Проектот „Тренинг обука за Обучувачи“ за прв пат во Македонија се рализираше оваа година. Ромскиот Ресурсен Центар проектот го реализираше во партнерство со Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).

Главна цел на проектот е:  15 млади Роми студенти и средношколци кои студираат  на медицина да станат врснички  едукатори на теми поврзани со здравство.

Проектни  активности:

–          Селекција на 15 студенти и средношколци на медицина

–          Подготовка  на програма за тренингот за обучувачи според потребите на целната група

–          Реализација на  ТОТ

–          Спроведување на работилниците

–          Подготовка и печатење на извештајот

Очекувани резултати:

–          15 Студенти и средошколци Роми на медицина  со стекнати фацилитаторски и презентациски вештини

–          15 Студенти и средошколци Роми на медицина  со стекнати вештини за подготовка и испорачување на обука

–          Спроведени 10 обуки од страна на студентите и средношколците

–          Публикувани 100 копии од извештајот

Директни Корисници:   15 Роми студенти и средношколци кои учат и студираат на медицина и се корисници на програмата за стипендирање на Роми на медицина – RHSP.

Времетраење на проектот: Од 01 Јуни до 31 Јули 2011 година.

Одобрени средства: За реализација на активностите на овој проект се одобрени 15,205 долари