Пет лесни чекори за мотивација

Пет лесни чекори за мотивација

 

Како менаџментот постигнува мотивација на работното место во денешното општество? Тоа е одлично прашање, затоа што успехот лежи во мотивирано работно место. Без мотивација крајниот резултат е слаб квалитет на работното место. Некои прашања кои требаат да се земат во превид кога станува збор за постигнување мотивација на работното место се дадени подолу. Секое работно место има различни ситуации. Сите правила не се однесуваат на неповрзани случувања. Тие се различни во зависност од ситуацијата во канцеларија, фабрика или градежна фирма. Тие сите ќе бидат различни.

Една работа која ќе остане иста е човечката природа, и начинот на кој реагираме во различни ситуации. Еве пет фактори кои може да бидат контролирани:

  1. Различни типови на личности

Ова е едно од најголемите прашања кои треба да бидат земени во предвид. Една работа треба да биде јасна, а тоа е дека сите луѓе се различни. Сите ние имаме различни карактери и каприци. Сите ние нема да се согласуваме секој ден затворени во канцеларија, кујна, фабрика заедно. Едноставно тоа не е возможно. Не е начинот не кој сме созададени. Тоа што една личност може да го смета за конструктивен критицизам, друга може да смета дека личноста се однесува премногу “шефовски”. Една личност за себе може да смета дека е продуктивна, а личноста до неа да смета дека тој/таа е мрзлива. Едноставно тоа е начинот на кој луѓето размислуваат различно. За да може менаџментот да си ја врши успешно работата, мора да ги разберат разликите кај луѓето и да научат како да се справат со тие прашања. Мора да научат како да бидат дипломатски настроени во вакви ситуации и да се осигураат дека работата ќе тече во најдобар ред.

  1. Награди

Клучот за мотивација се целите. Значи, ако мотивацијата на работното место е нешто што се посакува, во тој случај наградите за вработените се нужност. Тие мора да бидат мотивирани за извршување на одлична работа. Дали тоа ќе бидат унапредувања, бонуси или едноставно зборови на потврдување за добро извршена работа, тие тоа го заслужуваат.

  1. Работна околина

Работното место мора да биде забавно и место во кое ќе се ужива во вршењето на работата. Една личност поминува во просек 7-10 часа на тоа место. Ако не е забавно и удобно место, тогаш мотивацијата не може да биде постигната. Луѓето можат да работат, да се социјализираат и да се смеат во исто време! Тоа може да биде постигнато.

  1. Независност

Вработените мора да бидат способни да мислат самите. Никој не сака да му се кажува што да прави и кога и како секоја минута од денот.Вработениот мора да знае какви се очекувањата и да му биде дозволено да ги постигне. Тие ќе бидат горди ако извршувањето е нивна идеја и начин на вршење на работите.

  1. Простор за правање грешка

Честопати менаџментот на работното место не ги зема во предвид грешките. Во случај да настане грешка никој не знае што да направи за да ја поправи. Менаџментот има задача да направи план Б во случај нешто да појде наопаку. И секогаш нешто поаѓа наопаку!