Пет принципи за развивање на лидерските способности

Пет принципи за развивање на лидерските способности

Самопочитување

Луѓето се мотивирани да работат ако се чувствуваат важни. Ефективните лидери им помагаат на своите вработени да развијат самопочитување. Ова може да се постигне ако обрнете повеќе внимание на нив и на нивното мислење секој пат кога ќе се најдете во разговор. Покажете им дека нивниот напор се цени.

 

 

Планирање

Членовите на некоја организација се поспособни да прифатат промени доколку постои план за акција. Планирањето е основа за ефективно лидерство, затоа што и дава на организацијата конкретна насока и начини за постигнување на целите. Вие како лидер мора да планирате, бидејќи тоа ќе помогне во донесувањето на одлуки од страна на вашите вработени.

Мотивација

Високо мотивирана работна средина е продуктивна средина. Постојат многу бенефиции за организацијата кога нејзините вработени константно се мотивирани да работат. Еден од најважните начини да мотивирате е вие самите да дадете пример. Како вие работите, водите, и како се носите со самите себе, придонесува колку луѓето би сакале да работат за вас.

Делегирање

 Не може се да завршите вие сами. Ефективните лидери успешно ги делегираат обврските, со што си обезбедуваат време да планираат и да надгледуваат. Немој да се плашите дека вашите вработени ќе напраат грешки доколку ги делегирате обврските. И вие може да направите грешка!

Еманципирање

Ове е поврзано се делегирањето. Со тоа што ќе го поделите обврските со вашите вработени, вие всушност ги еманципирате. Тоа, на долг рок, ќе ја развие нивната креативност и ќе ги направи подобри работници.