Дали некогаш сте се надевале дека може да бидете подобри од она што сте во моментов? Без разлика дали тоа е во приватниот живот или во вашата професионална кариера, вие мора да си поставите цели и истите да ги остварите.
Многу студии покажуваат дека луѓето кои ги имаат издефинирано своите цели и истите ги имаат запишано на лист хартија се многу поуспешни во својата кариера од останатите. Кога размислувате за вашите цели, од психолошка гледна точка вреди да се направи тоа. Да имате добро зацртани цели е добра работа за секоја личност. Пред сè, тоа ви дава фокус, бидејќи кога вашите идеи за тоа што сакате да постигнете се нејасни и се само во вашата глава, тешко може да се фокусирате на истите или пак да се идентификуваат оние задачи кои ќе придонесат најмногу за вашиот успех во остварувањето на вашите цели
Второ, целите се само форма на визуелизација на она што сакате да го постигнете. Како надополнување на ова може да се каже дека доколку читате некоја книга за тоа како да ги остварите вашите цели во неа сигурно ќе најдете дека визуелизацијата е многу моќна алатка во ова поле.
Дали знаете кој е најдобриот начин за да ги поставите вашите цели? Постојат многу ефективни методи. Процесот од пет чекори кој следи е мошне лесен за имплементирање и може да ви помогне да ги поставите и потоа да ги остварите вашите посакувани цели.
- Дефинирајте го она што го посакувате.
Ефективните цели мора да се концизни, јасни, мерливи и специфични. Бидете многу јасни околу тоа што всушност сакате да остварите, определете го датумот до кога сакате таа цел да ви биде остварена и притоа да имате доказ дека таа цел сте ја оствариле до зацртаниот рок. Не е доволно само да се рече „Сакам да бидам првата личност на која луѓето би и се обратиле кога имаат потреба од социјален маркетинг.“ Како ќе ја остварите оваа цел? Но повеќе важно би било „Што всушност значи да сте првата личност на која би и се обратиле луѓето?“ Како поефективна цел би можело да се каже „ До 1ви август 2010 мојот блог ќе биде меѓу првите 20 пребарувања кои ќе се прават преку Гугл во кои главен збор ќе биде ‘социјален маркетинг.’“ Секако, многу важно е целта која сакате да ја постигнете да биде реална. Доколку имате започнато свој блог неодамна во областа на интернет маркетингот и сакате истиот да биде прв кога би се правело такво пребарување за 30 денови, можеби треба да си ја ревидирате вашата цел. Клучот во ова е да си имате кристално јасна цел за тоа што всушност посакувате и до кога сакате да го остварите. Ставете си го тоа на лист хартија и продолжете кон чекор 2.
- Поделете ја својата цел на мали делови
Како се јаде големо парче месо? Го разделувате на мали делови па го јадете. Истото важи и за вашите цели кои сте си ги поставиле. За да се оствари некоја голема цел истата најпрво мора да се подели на помали, а секоја поголема цел е составена од такви делови. Како основна цел може да си поставите: „Сакам да имам 50.000
а. Поставете ги датумите за овие помали цели и почнувајте да ги остварувате. Секогаш имајте на ум која ви е главната цел но сепак стремете се да ја остварите подцелта на време и таа нека ви биде примарен фокус. Кога ќе ја исполните подцелта прославете и веднаш потоа насочете се кон новата за да може да ја остварите и онаа цел која е главна. Оваа техника ви помага да не размислувате многу на ултимативната цел се додека ги исполнувате помалите, а со нивното исполнување сте сè поблиску до остварување на вашата најголема цел. Поделбата на ултимативните цели на помали делови ви е од помош бидејќи се концентрирате на помалите и вашиот мозок ги прифаќа нив како одредени скалила кон целта.
евра на сметка во банка до крајот на годинава.“ Размислете веднаш кога реално би имале 10.000, 20.000 или пак 40.000 евра на вашата банкарска сметкa
- Прескокнете ги препреките пред да дојдете до нив
Без разлика кава цел сте си поставиле за вас лично или за вашиот бизнис секогаш ќе има предизвици и препреки кои ќе ви се препречуваат при остварувањето на истите. Доколку не се појават вакви пререки и предизвици значи дека вашата цел не е доволно голема и предизвикувачка. Се разбира дека не можете да ја предвидите секоја препрека, но сепак може да се прдвидат некои компликации кои може да се спречат и со тоа да се намали ризикот вашите цели да не се остварат. Движејќи се кон целата и следејќи ги предвидените замки полесно може да се премине преку некоја доколку наидете на неа бидејќи веќе имате некакво решение за истата.
- Превземете акција
Се вели дека секоја цел за која нема однапред разработен план не е ништо повеќе од еден обичен сон. Разделувајќи ја вашата цел на помали делови и притоа планирајќи ги можните последици за време на достигнувањето на истата вие веќе формирате план кој ќе ве однесе од местото каде што моментално се наоѓате до посакуваната цел која сте си ја поставиле. Откако ќе се направи ова веќе треба да ги превземете потребните чекори за да ја остварите вашата посакувана цел. За да се направи ова може повторно да го искористите чекор 2 и веќе поставените делови да ги поделите понатаму на уште помали едниници се со цел да ви биде полесно да го остварите она што сте го зацртале. Запрашајте се „Што ми е потребно да правам секој ден за да бидам еден чекор поблиску до мојата цел?“ Исполнувајќи дневни активности кои се во корелација со вашата ултимативна цел ќе ве одведе се поблиску до остварување на истата. Не трошете го денот залудно без да направите и најмал чекор кој ќе ве одведе до посакуваната цел.
- Измерете го вашиот прогрес
Движејќи се кон вашата цел многу е важно да проверите дали навистина сте на вистинската патека. Мора да се вршат периодични проверки се со цел да се увидите дали сеуште сте на вистинската патека. За да го проверите ова постојат неколку начини. Едниот од нив е да си направите календар на кој ќе си ги означите важните датуми и да го следите. Доколку вашата цел се базира на бројки секојдневно запишувајте ги на вашиот календар за да може да имате прегледност до каде сте стигнале и на што уште треба да се фокусирате. Ова ќе ви помогне да останете посветени на вашата цел движејќи се по вистинската патека. Се разбира дека во текот на тој процес може и да застраните малку од онаа патека по која треба да се движите но не плашете се да побарате помош за да се вратите на вистинскиот пат.