Поделена помош за децата Роми од градинката ,,Младост”-Тетово како одговор на COVID-19

Денеска се подели помош за децата Роми вклучени во градинката „Младост “ во Тетово како одговор на пандемијата со COVID 19
Датум: 01.06.2020
Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денеска се подели помош за 46 деца Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Тетово . Обезбедени се 46 прехрамбени и 46 хигиенски пакети и школски прибор за 46 децата кои се таргетирани со проектот.
Во рамките на проектот пакети со храна, хигиена и школски прибор ќе добијат вкупно 210 деца Роми кои спаѓаат во најранливите категории на семејства а се вклучени во предучилишно образование во Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.
Покрај пакетите со храна, хигиена и школски прибор, во текот на оваа недела ќе се доделат и 170 таблети и интернет пакети за два месеца со 10 GB интернет за најзагрозените ученици Роми вклучени во прво, второ и трето одделение а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар, кои немаат можност да ја следат онлине наставата и тоа : 42 за Гостивар и 35 таблети за Тетово .
Целата помош се дели во координација и со поддршка од општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини.
Целта на оваа помош е да се помогне на најранливите категории на деца и ученици Роми да можат успешно да продолжат со образовниот процес како и да се намалат последиците врз нивното образование поради ситуацијата со COVID 19.
Оваа помош е обезбедена со проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ кој е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. Проектот го имлементираат Ромски Ресурсен Центар од Скопје во партнерство со Сонце од Тетово, а е менаџиран од Ромскиот Едукативен Фонд.
Овој проект е дел од програмата „Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција (RARE) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.