Прва средба на советодавниот одбор во рамки на проектот

Прва средба на советодавниот одбор во рамки на проектот “Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во Р. Македонија”

Ромскиот Ресурсен Центар и Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце-Тетово, во рамки на проектот “Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во Р. Македонија” на 28.10.2015 (Среда) во просториите на РРЦ ја одржаа првата средба со Советодавната комисија.

Во состав на комисијата членуваат претставници од следните институции:
– Министерство за образование и наука од Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците;
– Биро за развој на образование;
– Универзитет Гоце Делчев-Штип;
– Универзитет на југо-источна европа-Тетово;
– Државниот просветен инспекторат;
-Педагошкиот факултет во Скопје;
-Државниот универзитет во Тетово
Цел на состанокот беше селекцијата на тутори во рамки на проектот Туторство.