На 30.12.2019 година се донираше првиот дел од донацијата за градинката ,,Детска Радост ,, во општина Гостивар. Со оваа донација ќе се помогне на градинката да озвозможи пристап до предучилишно образование на поголем број на деца, особено на децата од Ромската заедница во општина Гостивар. Донацијата на опремата за градинката ,,Детска Радост ,, – Гостивар е обезбедена во рамки на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” .
Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и АДДР СОНЦЕ од Тетово заедно со Ромскиот Едукативен фонд од Будимпешта, продолжуваат со конкретна поддршка на заедницата со цел овозможување на соодветен почеток на децата Роми за да имаат поквалитетно образование и да бидат еднакви со другите деца во државата преку нивно вклучување во програмите за ран детски развој, пред училишно и основно образовние во Република Северна Македонија. Само преку конкреткна и директна поддршка ќе се направат вистинските промени во заедницата.
Проектот е имплементиран од страна на Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – Сонце, со проектен код ECD-MAC-01, и е финансиран од Европската Унија , а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта, чии таргет Општини се Скопје, Тетово и Гостивар.