Претставник од РЕФ одржа сесија за надминување на дискриманцијата во образованието

Фасилитаторот од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта оддржа сесија со туторите и со локалните медијатори во рамки на проектот ,,Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” .

Целта на средбата е учесниците да се запознаат со програмите на РЕФ за образование на Ромите. Дополнителен фокус беше даден на дискриминацијата во образованието, борбата против дискриминацијата како и компонентите на интеркултурно образование како алатка за надминување на дискриманцијата во образованието.

Сесијата се оддржа во рамките на тренингот за зајакнување на капицитетите и зголемување на знаењата на ангажираните тутори.

Тренингот се оддржува во хотел “Манастир” во Берово, во рамките на проектот ,,Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” .

Проектот е имплементиран од страна на Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – Сонце, со проектен код ECD-MAC-01, и е финансиран од Европската Унија , а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта, чии таргет Општини се Скопје, Тетово и Гостивар.