Програмскиот менаџер на Ромскиот Ресурсен Центар/РРЦ – Себихан Демировски и Директорот на Сонце – Ферди Исмаили денеска беа гости во утринската емисија на националната ТВ -МРТ1.
Целта на нивното гостување беше да се претстават проблемите со кои се соочува Ромската заедница, предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид 19, како и мерките кои досега се преземни за поддршка на таа заедница.
Во рамки на гостувањето на оваа емисија, беше упатен Апел за потребата од институционална интервенција за оние семејства кои се најпогодени/најзагрозени од сегашнава ситуација со Ковид 19, а воедно беше споделена информацијата дека РРЦ и Сонце веќе имаат поднесено иницијативи до Влада на РСМ за преземање на конкретни иницијативи и интервенции со кои би се поддржале семејствата на кои им е најпотребна поддршка во овој период.
Исто така, беа презентирани и активностите кои се реализираат во рамки на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ финасиран од ЕУ и РЕФ, а имплементиран во Р.С.Македонија од страна на РРЦ и Сонце.
Овој проект е дел од програмата „Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција (RARE) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта a e финансиран од Европската Унија