Проект: Зголемување на писменоста и математичките вештини кај возрасните Роми – Рома плус

Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје започна со имплементација на проектот „Зголемување на писменоста и математичките вештини кај возрасните Роми – Рома плус“.

Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија во рамките на Еразмус + програмата преку Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија.

Проектот ќе се реализира 24 месеци во периодот од 01 ноември 2020 до 31 октомври 2022 година.

Проектот се спроведува во четири земји со следните партнери: Ромски Ресурсен Центар Скопје (Северна Македонија), Симплексис (Грција), Амалипе (Бугарија) и БК Консуалтинг (Германија).

Главна цел на проектот е:  Развој на ново просперитетно искуство за учење од врсници за возрасни Роми (нискописмени), зголемување на атрактивноста на обуката и намалување на стапките на осипување, истовремено зголемувајќи ги вештините и компетенциите на возрасните обучувачи/наставници за користење на нови техники за обука на возрасни, приспособени на ромската култура.

Специфични цели:
1. Развој на Отворени Образовни Ресурси за едукатори на возрасни кои работат со возрасни Роми со ниска писменост, за подобрување на нивните релевантни компетенции;
2. Развој на материјал за учење од врсници кој ќе ги таргетира нискописмените возрасни Роми, создавајќи искуство за учење кое ќе ги зголеми нивните вештини за описменување.