Проект “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“

Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово веќе втора година го имплементира проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“.

Проектот е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта. Проектот со импелементација започна да се спроведува од 01 Октомври 2018 година и ќе трае до 31 Јули 2021 година.

Проектот се имплементира во три општини во Република Северна Македонија: Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.

Проектот е дизајниран да  придонесе кон подобрување на пристапот на ромските деца во предучилишното образование, да го олесни пристапот и запишувањето на ромските деца во основните училишта, да го поддржат образовниот напредок на запишаните деца, да го зајакнат капацитетот на родителите и врската помеѓу родителите и образовните институции во Македонија.

Проектот има две главни компоненти:

  1. Поддршка на вклучувањето на децата Роми во предучилишно воспитание и образование и ран детски развој;
  2. Поддршка на основното образование на учениците Роми преку обезбедување на туторска поддршка за учениците во прво, второ и трето одделение, ученици кои покажуваат слаби резултати по предметите мајчин јазик и математика.

Дополнително проектот е фокусиран и на подигнување на свеста на родителите за важноста од раното вклучување на нивните деца во воспитно – образовниот процес како и јакнење на вештините на родителите за поддршка на образовниот процес на нивните деца.

Целна група на проектот:

  1. Вклучени 207 деца Роми во предучилишните установи во Шуто Оризари, Тетово и Гостивар, на возраст една и две години пред поаѓање во основно образование;
  2. Вклучени 213 ученици Роми во програмата за туторска поддршка кои посетуваат прво, второ и трето одделение во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар;
  3. Вклучени повеќе од 300 родители Роми активностите на проектот.

Конкретни активности на проектот:

Компонента 1: Поддршка на вклучувањето на децата Роми во предучилишно воспитание и образование и ран детски развој;

  • Анализа на терен и идентификување на децата кои се на возраст за вклучување во градинка;
  • Вклучување на децата во градинка;
  • Обезбедување на дополнителна поддршка на децата Роми преку спроведување на програма Toy library (библиотека со играчки);
  • Спроведување на работилници за родителите Роми за зајакнување на нивните вештини и капацитети како и зголемување на нивната свесност за важноста од правилен раст и развој за нивните деца и раното вклучување на нивните деца во воспитно образовниот процес;
  • Активности за намалување на осипот на децата од градинка и зголемување на редновноста на децата во градинка и присуството во програмите за ран детски развој;
  • Јакнење на капацитетите на персоналот на градинките за зголемување на квалитетот за спроведување на програмите за предучилишно воспитание и образование и програмите за ран детски развој;
  • Активности за застапување и лобирање за унапредување на регулативите во насока на овозможувањето на системска поддршка на предучилишното воспитани и образование на децата Роми во Република Северна Македонија.

Компонент 2: Поддршка на основното образование на учениците Роми преку обезбедување на туторска поддршка за учениците во прво, второ и трето одделение, ученици кои покажуваат слаби резултати по предметите мајчин јазик и математика

  • Анализа на терен и идентификување на децата кои се на возраст за вклучување во прво одделение;
  • Поддршка на процесот на запишување на учениците Роми во прво одделение;
  • Спроведување на програма за туторска поддршка за учениците во прво, второ и трето одделение во таргетираните општини;
  • Ангажирање на тутори (студенти и дипломирани на наставнички факултети) за спроведување на туторската програма;
  • Спроведување на тренинзи за јакнење на капацитетите на туторите;
  • Спроведување на тренинзи за јакнење на капацитетите на наставниците во насока на унапредување на начинот на спроведување на наставната програма и работа со ранлива категорија на ученици;
  • Активности за подобрување на редовноста на учениците во редовната и туторската настава;
  • Активности за намалување на осипувањето на учениците од образовниот процес, особено учениците кои се вклучени во прво, второ и трето одделение;
  • Активности за подобрување на соработката помеѓу институциите и развивање на мрежа за поддршка на образованието на учениците Роми;
  • Активности за застапување и лобирање за унапредување на регулативите во насока на подобрување на образовниот процес за ученици од ранливи категории на граѓани.