Промоција на РХСП 2010 година

Во текот на месец Март 2010 година, РРЦ склучи партнерски договор со фирмата Si Communications за имплементација на дел од проектните активности во рамки на Медиумската компонента од програмата за стипендирање на Роми студенти на Медицина (РХСП), подржани од Институт Отворено општество – Будимпешта и Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Вкупните трошоци за имплементација на активностите беа 30,000 МКД.

Краткорочни цели,

  • Информирање на учесниците за програмата
  • Подговување на Power Point презентација во која се опфатени сите компоненти на Програмата за медицински стипендии за средношколци / студенти Роми
  • Обезбедување на логистичка поддршка за шест средби во заедницата (остварување контакти со локални НВОи, обезбедување на просторија и целна група за презентациите, организирање на превоз, обезбедување на гостување на преставници од ФИООМ во ТВ станиците Шутел и БТР)
  • Придонес во мотивација на средношколците/студентите за аплицирање за стипендија

Активности

  • Воспоставување на контакти со шест Ромски и не-ромски организации
  • Средби во заедницата

Постигнати Резултати

  • Информирани 68 осмооделенци кои ќе се запишат на средните медицински училишта во учебната 2010/2011;
  • Информирани нови потенцијални кандидати од средните медицински училишта во Куманово, Скопје и Тетово;
  • Анимирање на заинтересирани родители;

Препознаеност на Програмата како нова, посебна програма за стипендирање на средношколци и студенти Роми од медицинските училишта и факултети.