Во 2011 година во рамки на проектот “Медицински стипендии за Роми“ – Компонента Медиуми, подржан од Институт Отворено општество – Будимпешта и Фондацијата Институт отворено општество Македонија, имплементиран од Si Communication, Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) беше ангажиран за имплементација на активности со цел подобра промоција на програмата помеѓу Ромската заедница.
Во рамки на оваа соработка, РРЦ организираше 10 средби со пошироката Ромска заедница во 10 општини: Куманово, Шуто Оризари, Гостивар, Тетово, Штип, Велес, Чаир, Струга, Битола, Прилеп. На средбите претставик на ФООМ и РРЦ ги промовираа сите поволности на програмата за сите сегашни и идни ученици и студенти на медицина. Во текот на средбите, особено значајни беа презнетациите на стипендистите на програмата од 2010/2011 година. Ова придонесе потенцијалните кандидати за медицинските училиште/универзитети да слушнат директно позитивно искуство кое им е потребно за одлучување на образовниот профил.
Тимот на РРЦ особено би сакал за оваа иницијатива да им се заблагодари на своите партнери од 10те општини (претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа за пружената логистичка поддршка за реализација на средбите.