Членови на здружението ИНИ „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, на 13 јули годинава, учествуваа на работилницата „Развој и креирање на социо-образовна политика“. На работилницата се работеше на методологија за развој на социјална и на образовна политика, чекорите како локалните граѓански организации да бидат дел од овој процес, моделите на учество во процесите на одлучување и чекорите за развој на јавни политики. Обуката е дел од проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување наобразовната инклузија на Ромите“ почна со реализација како плодна успешна соработка меѓу здружението за поддршка на маргинализирани групи – Ромски Ресурсен Центар од Скопје, во партнерство со Центарот загрижи за семејства и деца (Family and Childcare Centre (KMOP) од Атина, Грција.
The members of the INI organization, “Initiative for unemployed intellectuals” from Vinica, on the 13-in of July this year participated in the workshop called “Development and creation of socio-educative policy. During the workshop, it was worked on a methodology for the development of the social and educational policy, the steps on how the local civic organizations can be a part of this process, the models of participating in the processes of decision making and the steps for developing public policies. The training is a part of the project “Building a stronger civil society to boost efforts on educational inclusion of Roma” project reference number: IPA/2015/382038)” and started with the realization as a good and successful cooperation between the association for support of the trivialized groups- the Roma Recourse Centre from Skopje in partnership with the Centre of Care of Families and Children (Family and Childcare Centre), from Athens, Greece.